Голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски, иако не успеа да ја сочува својата мрежа чиста, успеа да стигне до трите бода на тешкото гостување проти Атлетик Билбао.

Рајо Ваљеикано успеа да слави со 2:1.

Гарсија по само пет минути игра им донесе водство на гостите, но потоа Атлетик Билбао израмни по автогол на еден од соиграчите на Димитриевски во 33. минута.

До крајот на мечот немаше премногу шанси ниту на едната, ниту на другата страна, но сепак во последната минута од дуелот Радамел Фалкао стрелаше за Рајо за триумф од 2-1.

Рајо Валјекано по шест одиграни меча има 10 бодови, додека Атлетик Билбао има девет.