Реал Мадрид го победи Арсенал со 3-2 на Меѓународниот Куп на шампионите но го загуби Марко Асенсио кој се повреди на оваа средба.

Според последните информации од  САД, Асенсио има повреда на лигаментот на левото коло, во 64 минута се повреди и го напушти натпреварот, информациите сугерираат дека целата сезона за напаѓачот на Реал Мадрид е завршена поради сериозноста на повредата.