Репрезентативецот на Португалија, Рубен Невес постигна прекрасен гол за израмнување против Манчестер Јунајтед во натпревар од 2 коло во Премиер лигата.

Навивачите на Вулверхемптон посведочија вонсериска завршница од нивниот миленик во 55 минута ,Невес успеа да погоди и покрај тоа што пред него имаше четворица во црвени дресови, а Де Геа не успеа ниту да ја допре топката.

Јунајтед поведе преку Марсијал во 27 минута од првото полувреме.