Најскапиот фудбалер во светот, Нејмар се повреди во поразот на ПСЖ против Лион од 1:0 во дербито на колото во Франција.

Лоша вест е тоа што, Нејмар најверојано има посериозна повреда на скочниот зголб и можно е подолго време да биде надвор од теренот.