Лионел Меси на почетокот на мечот меѓу неговиот ПСЖ и Манчестер Сити во петтото коло од Лигата на шампионите изведе одличен потег.

Прво ја сочува топката пред налетите на Зинченко и така дојде до центарот, каде изведе велемајсторски потег.

Топката ја протна низ нозете на Рахим Стерлинг, една од најголемите ѕвезди на тимот на Гвардиола.

Зачудениот Стерлинг остана закопан во место, па Меси лесно му ја зеде топката откако мина низ тунелот кој го направи меѓу нозете на противничкиот играч и прецизно додаде на десната страна.