Вулверхемптон загуби од Ливерпул со 1:0 но го загуби и првиот голман Руи Патрицио кој се повреди во завршницата од натпреварот.

Според поранешниот премиерлигашит голман Роберт Грин, мора добро да се анализира ситуацијата и да се промени правилото со кое на линиските судии им е овозможено со закаснување да го креваат знаменцето доколку има офсајд.

Сите клубови од Англија и голем број на фудбалери изразија желби за брза рехабилитација и кам-бек на Патрицио на зелениот терен.

Тренерот на Вулверхемтон Нуно Еспирито Санто ја опиша здравствената состојба на својот голман како добра

„Руи Патрисио е во ред. Свесен е, се сеќава што се случило. Проценката е позитивна, ќе биде се во ред. Доживеа потрес на мозок. Кога нешто така сериозно, секогаш се загрижувате. За жал, таквите работи можат да се случат во фудбалот. Но, во ред, Патрисио е во добри раце“– изјави Еспирито Санто.