Борусија Дортмунд синоќа се пласираше во финалето на Купот на Германија со дури 5:0 против второлигашот Холштајн Кил. Тие последен пат овој трофеј го имаат освоено во 2017-та година, а сега ќе имаат шанса да го повторат тој успех доколку победат против РБ Лајпциг.

И покрај тоа што паднаа пет гола, мечот го одбележи она што се случи во 72-та минута од натпреварот, кога се стишија и оние малку луѓе кои беа на стадионот.

Фудбалерот на Милионерите, Матеу Мореј доживеа страшна повреда на новата која одеднаш само се превитка.

Повредата изгледаше многу болно, а глетката беше толку морничава што дури првата ѕвезда на Борусија не можеше ниту да гледа што се случува на теренот.