Шест натпревари од првото коло беа  на денешната програма во Лигата на шампионите во 21 часот.

Стрелците беа расположени на неколку натпревари , особено во Англија каде Манчестер Сити го победи Лајпциг со 6-3.

Најинтересниот меч оваа вечер имаше сè што може еден фудбалски фан да посака. Нејтан Ајк погоди за предност во 16. минута, а потоа трагичен автогол си постигна Мукиеле, по еден незгоден центаршут на Де Бруин  Гостите не се откажаа и намалија пред паузата, но пеналот на Марез  одново ги одлепи „граѓаните“ на два гола позитива.

Идентично ефикасно беше и второто полувреме. Лајпциг постојано беше во игра за бодови, но на секој погодок на гостинскиот тим, Сити одговараше со своја реализација.

Во вториот дел хет-трикот го комплетира Кристофер Нкунку, но тоа не беше доволно да се спречи големиот фаворит, кој на крај запиша убедлив триумф преку Габирел Хесус и Кансело.

Ајакс го прегази Спортинг во Лисабон, совладувајќи го со 5-1, а ѕвезда на вечерта беше Халер кој постигна четири од петте гола за холандскиот тим. Покрај него погоди уште Бергхуис, а за Спортинг гол постигна Паулињо.

На крајот, Ливерпул го победи Милан со 3-2 во дербито на колото, во меч со два пресврта. „Црвените“ поведоа со автоголот на Томори, но до крајот на полувреме Ребиќ и Дијас го донесоа Милан во водство од 2-1. Тукушто почна вториот дел Салах израмни, а за победа се погрижи Хендерсон со фантастичен удар од врвот на шеснаесетникот.

Најголемото изненадување вечерва дефинитивно го приреди Клуб Бриж.

ПСЖ стартуваше со најсилниот напад, Меси, Нејмар, Мбапе, но на крајот „светците“ мораа да се задоволат само со бод. После 15. минути Херера го отвори резултат и водството на ПСЖ беше актуелно се до 27. минута.

Тогаш Ванакен со еден убав гол ги изненади ѕвездите од Париз погодувајќи за 1:1

Атлетико Мадрид и Порто одиграа 0-0 додека дербито во Италија помеѓу Интер и Реал му припадна на Шпанскиот тим , со гол во 92 минута благодарение на Родриго.