Струга и Силекс и се приклучија на Македонија ЃП на листата полуфиналисти во Купот на Македонија, откако беа подобри пеналџии во пресметките со Шкендија односно Брегалница.

Натпреварот во Тетово од четвртфиналето не донесе голови по 90 минути, а во пенал рулетот Струга реализираше четири пенали, Шкендија три за радост на гостите.

Силекс и Брегалница одиграа 1:1 по 90 минути па и во Кратово мораше да се изведуваат пенали. Второлигашот постигна пет гола по шест серии а гостите четири откако не го реализираа третиот и шестиот.

Последниот патник во полуфиналето ќе го дознаме по одигрувањето на денеска одложеното соочување на Пелистер и Вардар.