Дека нема пријателски мечеви меѓу Јужно-Американските великани доказ беше вчерашниот дуел меѓу Аргнетина и Уругвај.

На самиот меч избија искри меѓу Лионел Меси и Едисон Кавани кои влегоја во вербана конфронтација, а ЕСПН тврди дека таа кавга за малку не избила во физичка пресметка по крајот на мечот. Наводно фудбалерите тргнале да се тепаат во тунелот но Луис Суарез спречил голем инцидент.

Се започна кога во финишот на првиот дел напаѓачот на ПСЖ го предизвика Лео Меси на тепачка, а Аргентинецот храбро му врати.