Немили сцени се видени денес во Романија во рамките на мечот помеѓу Крајова и Хонвед кој се одигра во рамките на квалификациите за пласман во Лигата на Европа.

Главниот судија на овој меч Арнолд Хантер погоден е со топовски удар пред да почнат да се изведуваат ударите од белата точка во самиот финиш од мечот.

Додека играчите се расправаа помеѓу себе , судијата ја следеше целата ситуација од страна при што настрада.

Падна на колена , се пожали на повреда во пределот на увото и веднаш потоа беше префрлен со болница.

Прекинот траеше одредено време,а мечот го доби Крајова откако победи по подоброто изведување на ударите од белата точка.