Фудбалерите на Евертон не чекаа многу за да се израдуваат на гол на гостувањето кај Арсенал во 27 коло од Премиер лигата.

Напаѓачот на „Карамелите“ Доминик Калверт Левин оваа сезона игра одлично а за тоа дека има голема самодоверба покажува и неговата одлука со ножички да ја завршува акцијата во воведната минута од средбата.

Ова за Калверт беше 12 овосезонски гол во Премиер лигата.

Во меѓувреме Аесенал израмни на 1:1 со голот на Нкетиах во 27 минута, а потоа направи и пресврт со голот на Обамејанг во 33 минута.

Евертон за реми на полувреме дојде со голот на Ричарлисон во 5 минута од продолжението на првиот дел.