Соочувањето на Атлетико Мадрид и на Севиља од 27 коло во Ла лига треба да одговори кој од овие два тима има поголеми шанси за освојување на третото место на табелата.

Првото полувреме на „ Ванда Метрополитано“ донесе четири гола а на пауза се замина со 2:2.

Севиља поведе со голот на Де Јонг во 19 минута.

Атлетико Мадрид израми преку Мората од пенал во 32 минута.

Четири минути подоцна, Феликс реализираше за пресврт на домаќините.

Вториот гол за Севиљ во првото полувреме го постигна Окампос од пенал во 43 минута.