Јувентус со пресврт стигна до победа против Лацио 3-1, гостите од Рим поведоа па застанаа, тоа го искористи „старата дама“ и запиша триумф.

Лацио поведе со голот на Кореа во 14 минута, Рабио пред крајот на првиот дел израмни на 1-1.

Во второто полувреме, два гола на Мората, за 2-1 во 57 минута, и три минути подоцна од пенал за конечни 3-1. Јувентус има 52 бода на третото место, Лацио 43 на седмата позиција.

Кристијано Роналдо мечот го започна од клупата за резерви, во игра влезе во 69 минута.