Борусија Дортмунд и Баерн Минхен играат со резултат 1-2 по првиот дел на супер дербито во Бундеслигата, две екстра акции и три убави гола го одбележаа првиот дел.

„Милионерите“ поведоа со голот на Бранд по само 5 минути игра, но радоста траеше само четири минути, Баерн израмни преку Левандовски во 9 минута по една класична контра. Во финишот, Коман погоди за 1-2 по првиот дел за екипата од Минхен.