ПСЖ ја совлада Ница со убедливи 1-4 во првиот меч од 10 коло во француското првенство и ја оствари третата последовна победа.

„Светците“ брзо го решија победникот уште во првиот дел со головите на Анхел Ди Марија во 15 и 21 минута. Ница во второто полувреме со голот на Ценого се обиде да се врати во мечот, но ПСЖ не го дозволи тоа и со погодоците на Килијан Мбапе во 88 минута и Мауро Икарди во 92 минута ги постави конечните 1-4.

Во следното коло ПСЖ во дербито на 11 коло ќе го дочека Олимпик Марсеј, а пред тој дуел во рамки на Лигата на шампиони гостува кај Клуб Бриж, меч на кој доколку слават и дефинитивно ќе се пласираат во осминафиналето.