Забраните, мерките и ковид протоколите како да не постоеја денеска во Тетово. Забраната за присуство на трибините не беше испочитувана од фановите на овој клуб Балисти, кои влегоа на трибините на стадионот во Тетово, со цел да ја прослават титулата која ја освои Шкендија.

Покрај тоа не се почитуваше мерката за забрана за присуство на навивачи на трибините, на стадионот во Тетово можеше да се забележи и дека фановите кои влегоа, во најголем број немаа маски на лицата, секторот за внатрешни работи од Тетово најави кривични пријави против навивачите

„Пред крајот на дуелот од последното коло во Првата македонска фудбалска лига дел од „Балистите“ влегоа на стадионот прекршувајќи ги мерките пропишани за спречување на ширење на Ковид-19. Полициски службеници презедоа соодветни мерки и беа обезбедени услови за натпреварот регуларно да заврши, а против прекршителите ќе бидат изготвени кривични пријави“ – информираат од тетовската полиција.