Српскиот фудбалер и член на Ајакс Душан Тадиќ стави крај на сите шпекулации околу негово заминување од оваа екипа и ја продолжи соработката со холандскиот шампион.

Србинот во Ајакс според новиот договор ќе остане до 2023 година.Тадиќ беше еден од носителите на играта на овој млад тим минатата сезона и освојување на шампионската титула во домашното првенство и добрите настапи во фудбалската ЛШ.

Тадиќ во својата кариера досега настапуваше за Војводина,Гронинген,Твенте и Саутемптон пред да се пресели во Амстердам пред една година.