Португалска Бенфика го победи Милан со 1:0 на пријателскиот натпревар кој се играше во рамките на Интернационалниот Куп на шампионите.

Единствениот гол на мечот го постигна Адел Тарабт во 70 минута по асистенцијата на Феро. Милан беше рамноправен противник но Пјонтек, Биља и Чалханоглу не успеаа да го матираат противничкиот голман.

Следен предизвик за Милан во подготвителниот период е дуелот со Манчестер Јунајтед на 3 август.