Навивачите на Црвена Звезда и Хелсинки имаа своја увертира пред реванш средбата од 2. коло во квалификациите за Лига на шампиони.

Пред мечот дојде до тепачка на двете навивачки групи пред самиот стадион во Хелсинки. Среќа во целата ситуација е што полицијата брзо интервенираше и спречи уште поголемо ескалирање на ситуацијата.