Весли Фофана доживеа тешка повреда во вчерашниот пријателски натпревар на неговиот Лестер Сити против шпански Виљареал.

Само десет дена пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата, Фофана од подготвителниот меч беше изнесен на носилки од теренот, откако фудбалерот на Виљареал, Фер Нино, со преостар старт му ја скрши ногата.

До прекршокот дојде во второто полувреме при резултат 3:0 за Лестер Сити, кога веќе беше јасно дека победник ќе биде англискиот тим, но и покрај тоа, непишано правило е дека во пријателските мечеви не се игра грубо.

Младиот репрезентативец на Франција веднаш ги повика лекарите и физиотерапевтите да му помогнат, но беше јасно дека се рабори за сериозна фрактура на ногата, па со аплауз беше испратен од стадниот Кинг Пауер.

При излегувањето од стадинот настана фотографијата од Фофана, која некои ја сметаат за вознемирувачка. Фотографијата веднаш на Инстаграм ја објави токму тој, со порака „Allahu akhbar“, што во превод значи Алах е најголем.