Голманот на Галатасарај, Муслера тешко се повреди на средбата со Рисеспор по еден дуел кој навидум не изгледаше жесток.

Муслера се судри со еден противнички играч, остана да лежи на тревата, реагираше тренерот Фатих Терим кој прв почуствува дека нешто не е во ред.

Муслера со амбулатно возило е пренесен во болница, деталите од повредата се очекуваат утре.