Првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Европа не помина како што се надеваа во Ајакс, а тој дуел со Рома ќе го памети не само херојот и трагичарот Душан Тадиќ, туку и еден собирач на топки.

Имено, по „волчицата“, по асистенцијата, и промашениот пенал на капитенот на српската репрезентација, успеа да го претвори резултатот од 1: 0 на 2: 1, на крајот, логично, играчите на Рома не беа во брзање. Пред себе имаа поволен епилог, па кога им дојде редот во 94. минута, тие не истрчаа со брзина на Јусеин Болт за топката што би го напуштила теренот.

Сепак, тоа не му се допадна на едно од момчињата кои работат на стадионот во Амстердам и чија работа е токму да ја додаде топката на играчот кој треба да ја внесе во игра.

На своја коа тоа незадоволство го почувствува Ромин Рикардо Калафори кој  беше погоден крај аур линијата.

Собирачот на топки едноставно го удри фудбалерот на италијанскиот клуб, кој за секунда се преправаше дека е страшно повреден и луто го нападна момчето од другата страна на линијата, но на крајот – доби жолт картон. А, тоа се должи на попречување на фудбалската игра или, народски кажано, „крадење време“.