Ракометарите на Тиквеш стигнаа до втората победа во Б-групата од Суперлигата, во Кавадарци пред празни трибини го совладаа Работнички со 33-21.

Коцев запиша осум гола во победничкиот тим, Смиљаниќ и Симиќ учествуваа со по шест. Во составот на Работнички најефикасен Ончев со шест гола.