Екипата на Лестер е нов освојувач на Англискиот ФА Куп за прв пат во својата историја.

Тимот на Брендан Роџерс во денешното финале беше поуспешен од екипата на Челзи со 1-0 за прва Куп титула во историјата на „лисиците“.

На првиот, а потоа и единствен гол на ова финале се чекаше до 63. Минута кога Јури Тилеманс постигна спектакуларен гол за Лестер.

Пред да го даде голот Тилеманс, Сините од Лондон бараа играње со рака на еден играч на Лестер, но голот важеше. Во финишот, Челзи даде гол за 1-1, но по прегледување на ВАР, беше поништен.