Фудбалерите на Лајпциг славеа со 4:2 на гостувањето кај Келн во 29 коло од Бундес лигата.

Домаќинот го отвори резултатот во 7 минута преку Кордоба, Лајпциг направи пресврт со головите на Шик и Нкунку.

Во второто полувреме Вернер зголеми на 1:3, Модесте намали на 2:3 а конечните 2:4 беа дело на Олмо во 57 минута.

 

Со оваа победа Лајпциг се искачи на третото место на табелата во Бундес лигата, Келн остана на 11 место.