Шампионот во Франција ќе се одлучува во последното коло, откако денеска Лил одигра реми без голови против Сент Етјен, а ПСЖ со 4:0 го декласираше Ремс.

Голеадата на парижаните ја отвори Нејмар од пенал во 13-тата минута, на 2:0 зголеми Килијан Мбапе, со овој резултат се замина на полувремето.

Уште два гола во второто полувреме постигнаа парижаните, а беа дело на Маркињос и Мојс Кин.

Покрај за титулата битка во последното коло ќе има за третата позиција која носи во Лигата на шампионите. Откако денеска Лион со 2:5 против Ним и остана во игра за местото број три бидејќи има само еден бод помалку од Монако, кој исто така оствари победа, со 2:1 на домашен терен против Рен.

Сега Лил се први со 80 бода, еден помалку од нив има ПСЖ, а три помалку Монако. Доколку Лил  победи во последното коло на гости на Анжер, тогаш сигурно се шампиони.

Standings provided by SofaScore LiveScore