Хакан Чалханоглу, турскиот фудбалер и доскорашен играч од средниот ред на Милан се прости од клубот со специјална видео снимка.

Турчинот видеото го споредили на социјалните мрежи и во него му се заблагодари на неговиот досегаш клуб, за се што минал таму минативе четири години.

Чалханоглу одлучи да премине во градскиот ривал Интер и со тоа испровоцира многу фанови на Милан, кои веќе го прозиваат на социјалните мрежи.

Камен на сопнување беше висината на платата, затоа што Милан нудеше четири милони, а Интер пет по сезона. Така што Чалханоглу потпиша нов договор со траење до јуни 2024 година.

„Милан, ти благодарам за се“- напиша Чалханоглу покрај видеото.

А потоа следеа низа навреди, оние кои беа поблаги пишуваа:

„Тој во овој момент само сака да бида прозиван.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hakan Çalhanoglu (@hakancalhanoglu)