Екипата на Торино успеа да слави победа над Парма со 1-0 и со тоа успешно да ја продолжи битката за опстанок а екипата на парма и официјално да испадне во понизок ранг на натпреварување следната сезона.

Стрелец на единствениот гол беше Мргим Војвода во 63. минута, гол кој значеше и дефинитивна преселба на Парма во понизок ранг после  три години настап во Серија „А“.

Сепак, со оваа победа битката за опстанок на Торино не е завршена. Тимот е петнаесетти со 34 бода, а зад него се Специја (34)Каљари (32) и Беневенто (31) кои ќе се борат да го избегнат последното место на табелата кое води во Серија Б догодина.