Двата гола на Андреа Белоти се покажаа како недоволни ни за бод за Торино во пресметката со Каљари во 4 коло од Серија А.

Белоти наиде на сериозна конкуренција во Симеоне и во Жоао Педро кои на спротивната страна на крајот од мечот се израдуваа на голема победа.

Специа успеа да освои бод против Фиорентина откако ремизираше на домашен терен со 2:2 во натпревар на кој гостите имаа предност од 2:0 по само четири минути. Конечниот резултат беше дело на Фариас во 75 минута.