Младата фудбалска надеж на Македонија, Давид Тошевски и Ростов претрпеа елиминација од Макаби Хаифа во 3 коло од квалификациите за Лига Европа на УЕФА.

Израелскиот тим славеше со 2:1 со пресврт откако домаќинот во Ростов поведе со 1:0 во 9 минута со голот на Шомуродов. На ова следуваше гостинскиот одговор во 20 минута со коло на Рукависта а конечните 2:1 беа делот на Абу Фани во 60 минута.

Тошевски во игра влезе во 82 минута, Ростов играше со фудбалер помалку уште од 69 минута по исклучувањето на Глебов.

Во следното последно квалификациско коло Макаби Хаифа ќе игра со подобриот од дуелот на Шкендија и Тотенхем.