Тешки моменти доживуваше Жозе Мурињо на денешната средба со екипата на Саутемптон. Тотенхем беше во негатива се до 78. минута, но потоа успеа да направи комплетен резултатски пресврт и да се пласира во осминафиналето на ФА Купот.

Тотенхем поведе со автоголот на Џек Стивенс во 12. минута и водеше се до 34. минута, кога Шел Лонг израмни на 1:1.

Шокот дојде во 72. минута кога за Саутемптон погоди Дени Ингс.

Сепак, Лукас Моура во 78. минута и Хеунг-Мин Сон од пенал во 87. минута му донесоа радост и на Тотенхем и на Жозе Мурињо.

Во осминафиналето Тотенхем ќе се сретне со екипата на Норвич.