Тотенхем со пеколен финиш го совлада тимот на Локо Пловдив 1-2 во Бугарија, за пет минути екипата на Мурињо со играч повеќе стигна до пресврт.

Локо Пловдив поведе со голот на Минчев во 71 минута. Бугарите останаа со играч помалку во 79 минута, Карагерен доби втор жолт картон, Кин од пенал израмни на 1-1 во 80 минута. Во 83 минута Алмеида од Локо Пловдив заработи црвен картон, Бугарите останаа со два играчи помалку.

Само 2 минути подоцна од вториот црвен картон, со голот на Ндомбеле екипата на Тотенхем стигна до пресврт и победа со 2-1, во третото коло се среќаваат со Шкендија.

Средбата во Скопје ќе се одигра на 24 септември на арената „Тодор Проески“.