Супер интересен меч одиграа ЛАСК и Тотенхем со шест гола кој заврши без победник 3-3,  Мурињо шокиран во 93 минута.

Австријците поведоа со голот на Михори, Тотенхем израмни преку Бејл од Пенал. Пресврт донесе Сон со гол во 56 минута. Следуваше одговор на ЛАСК преку Егештајн за 2-2 во 84 минута, но само две минути подоцна Деле Али со гол од пенал донесе водство за Тотенехм.

Кога се чинеше дека средбата ќе заврши со победа на Тотенхем, стигна израмнување во 93 минута, ЛАСК дојде до бод со голот на Карамоко.

Тотенхем по овие 3-3 со ЛАСК сега е втор на табелата во групата во Европа лигата, прв е Антверпен по победата против Лудогорец со 3-1.