Лајпциг со 3-0 го победи Тотенхем на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите и со вкупни 4-0 патува во историско четвртфинале во елитното натпреварување на УЕФА.

Со головите на Марсел Сабицер, Лајпциг поведе со 2-0 по само 22 минути игра во првиот дел.

Конечните 3-0 ги постави Форсберг во 87 минута за убедлива победа на Лајпциг кој во двата меча со Тотенхем не прими гол.