Тотенхем го победи Баерн Минхен во финалето на Ауди Купот по изведување на пеналите, по 90 минути игра беше 2-2, на пенали 6-5 за Англичаните.

Тотенхем имаше водство од 2-0 со головите на Ламела и Ериксен во 18 и 59 минута, Баерн израмни преку Арп и Дејвис.

Во пенал серијата Алба и Боатенг промашија кај Баерн Минхен, во редовите на Тотенхем погодија Алдервејрелд, Кејн, Сон, Ролс, Скип и Танганга  за прва титула на овој клуб на Ауди Купот.