Фудбалерите на Тотенхем го совладаа Вулверхемтон со 2:0 во мечот од 36-тото коло на англиската Премиер лига.

Победата на Тотенхемја најави Хери Кејн со гол во 45-тата минута по асистенција на Хојбјерг. Тоа за Кејн беше погодок број 22 оваа сезона и сега е најдобар стрелец во Премиер лигата.

Хојбјерг пак стрелаше во 62-тата минута за 2:0 и Тотенхем до крајот лесно ја одржа оваа предност.

Тотенхем сега е шести на табелата и е на позиција која води во Лигата на Европа, затоа што има ист број бодови како и Вест Хем , но има подобра гол разлика.

Standings provided by SofaScore LiveScore