Тотенхем не ја оправда фаворитската улога против Антверпен во Европа лигата, загуби со 1-0 во Белгија што е изненадување на денот.

Единствениот гол е дело на Рафаелов во 29 минута. Тотенхем има една победа и пораз во групата во која екипата на Антверпен е лидер со две победи од два меча.