Фудбалерите на Тотенхем и покрај фаворитската улога, повторно киксираа на домашен терен, овој пат против Шефилд Јунајтед.

Мечот заврши 1-1, а Спарс дојдоја во водство со голот на Сон во 58 минута. Сепак, гостите покажаа по кој знае кој пат сезонава карактер и со голот на Балдок во 78 минута израмнија и освоија бод на тешкото гостување во Лондон.

Тотенхем по 12 кола се наоѓа далеку од местата кои водат пласман во Европксите купови, односно се 12, додека Шефилд Јунајтед е најпријатното изненадување сезонава и се на 5.место на табелата.

На преостанатите натрпевари кои се играа од 16 часот, Барнли и Њукасл славеа на домашен терен против, Вест Хем, односно Бурнамут, а Евертон славеше на гостувањето кај Саутемтон.