Челси водеше се до 83 минута против Тотенхем, но тогаш Ламела израмни и го одведе мечот од осминафиналето на Лига купот во пенал серија каде поуспешни беа играчите на Тотенхем.

Тимот на Лампард поведе со голот на Тимо Вернер во 19 минута, израмни Ламела на 7 минути до крајот на мечот, по регуларните 90 минути резултатот беше 1-1.

Во пенал серијата сите беа прецизни до петтата, за Тотенхем погоди Кејн, кај Челси промаши Маунт и го елиминира својот тим.