Фудбалерите на Тотенхем со голот на Деле Али во 86 минута избегнаја нов дебакл, овој пат од Ватфорд кој сеуште не знае за победа сезонава во Премиер лигата.

Единствен виновник за голот на „Спарс“ е чуварот на мрежата на гостите Фостер кој направи кардинална грешка по која Али им донесе голема радост на домашните навивачи. Тотенхем од самиот почеток на мечот се мачеше, а за ситуацијата да биде полоша веќе во 6.минута имаа негатива по голот на  тоа што не се случи Дакур.

Избраниците на Поќетино веќе во вторник ги очекува меч против Црвена Звезда во Лигата на шампиони на кој мора да слават доколку сакаат да ги задржат шансите за пласман во осминафиналето.

За разлика од Тотенхем, фаворитските улоги ги оправдаа Челси и Лестер, кои пред своите гледачи триумфираа над Њукасл, односно Барнли.