Македонските репрезентативни напаѓачи, Александар Трајковски и Илија Несторовски се во добра форма за свои клубови, ова доаѓа непосредно пред новиот предизвик на нашиот А тим во Лигата на нации и дуелите со Естонија и Грузија.

Александар Трајковски постигна ефектен гол во контролниот натпревар меѓу Мајорка и Тенерифе во Шпанија во победа од 2:0.

Илија Несторовски беше стрелец на победоносниот гол на Удинезе во пријателскиот натпревар против Виченца од 3:2.

Трајковски и Несторовски се дел од составот на Македонија за дуелите со Ерменија ( 5 септември) и Грузија (8 септември).