Александар Трајковски со Мајорка е на гостување кај Валенсија во третото коло во Ла Лига. Натпреварот се игра од 17 часот денеска.

Слободното време играчите на Мајорка го користат за прошетка, Трајковски според „Марка“ мечот ќе го започне од клупата за резервни играчи но со сигурност ќе добие минутажа на овој натпревар.

Мајорка е на 12. место на табелата со една победа и пораз, Валенсија се наоѓа на 17. место со еден бод од две средби.