Александар Трајковски влезе во игра кај Мајорка против Сосиедад во 58 минута од натпреварот,  второ коло во Ла Лига. Мајорка како домаќин загуби со 1-0, Одегард постигна победнички гол за тимот од Баскија.

Ова е прв пораз на Мајорка во новата сезона, во првото коло запиша победа над Еибар со 1-0. Трајковски по влегувањето имаше убава шанса но не успеа да погоди за водство.

Норвежанецот Одегард, кој настапува како позајмен играч од Реал Мадрид кај Соседад, погоди за победа во 83 минута.