Фудбалерите на Мајорка за кои игра македонскиот репрезентативец Александар Трајковски загубија на гостувањето кај Хетафе со 4-2. Трајковски се наоѓаше на клупата на резервни фудбалери, но не доби шанса да настапи за разлика од претходните натпревари.

Победникот беше решен уште во првиот дел во кој домаќините имаа убедлива предност од 2-0, која на почетокот од вториот дел ја зголемија на 3-0. Сепак, Мајорка не се откажа  и во рок од 7 минути успеа да намали на 3-2 и да внесе неизвеснот во натпреварот. Фудбалерите на Хетафе останаа мирни и со голот на Анхел во 83 минута ги поставија конечните 4-2.

За Мајорка ова беше 3 овосезонски пораз по 5 одиграни кола во шпанска Ла Лига.