Тренерот на романскиот фудбалски клуб Динамо Букурешт, Еуген Нагое, доживеа срцев удар за време на мечот против Универзитатеа Крајова.

Веднаш беше префрлен во болница каде се борат за неговиот живот. Медицинскиот тим на клубот успеал со дефибрилатор да го спаси Нагое, а потоа е пренесен во клиничкиот центар во Букурешт за понатамошно лекување.

Нагое доживеал срцев удар и колабирал по триесетина минути од натпреварот, откако навивачите барале негова оставка поради слабите резултати и игри на тимот.