Илија Несторовски со гол во финишот на средбата против Фиорентина, донесе значајна победа за својата екипа со минимални 1-0.

Ова беше важна победа за тимот од Удине, Несторовски добива на сигурност, го одигра целиот натпревар, тренерот Лука Готи со пофални зборови за играта на македонскиот репрезентативец.

„Несторовски тренира многу посветено и со голем  ентузијазам,  како да е на почетокот од кариерата, а не 30-годишен играч. Голем професионалец е, секогаш дава 100 проценти, го заслужи овој гол“ – рече Готи.