Со три атрактивни гола си ја закопмлицираа битката за пласман во Лигата на шампионите.

Евертон и Тотенхем одиграа реми на Гудисон парк, реми кое никому не одговара, бидејќи и двата тима останаа без трите бода.

Тотенхем поведе со одличниот волеј на Хери Кејн во 27-та минута.

Евертон израмни преку Гулфли Сигурдсон од пенал во 31-та минута.

Истиот човек со атрактивен гол донесе пресврт за Евертон во 62-та минута.

Конечните 2:2 со нов волеј ги постави Хери Кејн во 69-тата минута.

Со денешниот резултат тимовите на Мурињо и Анчелоти се на седмата и осмата позиција. Тотенхем има 50 бода, а под нив е Евертон со 49. И давата тима си направија проблем во битката за Лигата на шампионите, тимот од Лондон со натпревар повеќе сега има пет бода помалку од четвртиот Вест Хем, а сините од Ливерпул во иста ситуација имаат шест бода помалку на шест кола до крајот.

Standings provided by SofaScore LiveScore