Македонскиот репрезентативен напаѓач, Иван Тричковски ги постигна двата гола за АЕК Ларнака во победата над Анортозис од 2:0 на гостински терен во посленото коло од регуларниот дел од сезоната на Кипар.

Тричковски погоди во 66 минута откако ја искористи нервозата во противничкиот шеснаесетник, а во 79 минута реализираше од белата точка.

 

АЕК Ларнака сезоната ја заврши на петото место додека Тричковски заврши со 16 голови во прволигашкото друштво.

Standings provided by SofaScore LiveScore