Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски продолжува да ги тресе мрежите во Кипарското фудбалско првенство. Тричковски денеска беше автор на првиот гол за својата АЕК Ларнака која ја совлада Докса со 2-1.

Целиот натпревар за АЕК го одигра и дефанзивецот Даниел Мојсов, додека за Докса не настапи Душко Трајчевски. Тричковски сега се одвои на првото место на листата на стрелци во кипарскиот шампионат со десет погодоци.